Денеска (17.11.) полициски службеници за превенција при ОВР Свети Николе одржаа едукативна работилница во гимназијата “Кочо Рацин“ во Свети Николе на тема – “Трговија со луѓе и илегална миграција“.
Од страна на полициските службеници на учениците преку соодветен материјал им беа презентирани низа основни аспекти за криминалот од областа на трговијата со луѓе. Исто така, учениците беа запознаени и со проблематиката на илегалната миграција пред се во делот на нејзината поврзаност со трговијата со луѓе, и за нејзините основни појавни форми и облици.
Полициските службеници презентираа низа примери од полициската пракса во врска со овие појави, со санкционирањето на истите, како и околу современите форми на борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција, вклучително и на превентивните мерки и активности важни во заштита и запознавањето на младата популација од опасностите кои трговијата со луѓе и илегалната миграција може да ги предизвикаат.