16 ноември 2022

Едукативни работилници на СВР Скопје во Чаир и Шуто Оризари

Полициски службеници од Одделението за превенциja при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера (15.11.), во соработка со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Бит Пазар и Полициското одделение Шуто Оризари, одржаа две едукативни работилници во основните училишта “Исмаил Кемали“ (општина Чаир) и “Браќа Рамиз и Хамид“ (општина Шуто Оризари).

Притоа работилниците на кои што слушатели беа ученици од седмите и осмите одделенија од овие училишта, тематски беа посветени на појавата на насилството како девијатно поведение меѓу младите, при што беа презентирани основните карактеристики, формите, но и начините за превенција од насилството, пред се од врсничкото насилство, семејното насилство, насилството преку социјалните мрежи, насилството на спортски натпревари. Во рамки на работилницата во основното училиште “Исмаил Кемали“ беше формиран и училишен Клуб за превенција.