Вчера (15.11.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип одржаа превентивно-едукативно предавање за учениците од прво одделение во основните училишта “Славејко Арсов“ и “Димитар Влахов“ во Штип, а под мотото – “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Притоа, пред учениците од првите одделенија полициските службеници ги презентираа основните сообраќајни правила и прописи важни за децата како пешаци во сообраќајот. Во рамки на видео презентација децата беа запознати со функционирањето на семафорите, за значењето и начинот на користење на пешачките премини, како и за начините за правилно движење по тротоарите, а се во насока на нивна заштита и безбедност во сообраќајот.