15 ноември 2022

Користете зимска опрема- превентивна активност на ОВР Свети Николе

Денеска (15.11.) полициски службеници за превенција при ОВР Свети Николе на регионалниот пат Свети Николе-Куманово и на автопатот А-4 кај патарината Преод реализираа превентивна активност со возачи на моторни возила, а по повод почетокот на обврската за употреба на задолжителната зимска опрема.

Притоа возачите беа информирани за законската обврска за задолжително носење на зимска опрема започнувајќи од денес до 15 март2023 година, за важноста, пред се по нивната безбедност но и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, за носењето и употребата на зимска опрема во која спаѓаат зимските пневматици и ланци. Во непосредната комуникација со возачите особено беа истакнати условите односно начините за употребата на опремата во зависност од временските прилики, а согласно нормативно пропишаните одредби во кои секако влегува и санкционирањето на непочитувањето на овие норми. Исто така, на возачите им беше делен и едукативен печатен материјал,а се со цел подигање на свеста за поседување на зимска опрема во возилата и одговорно учество во сообраќајот.