Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица вчера ( 14.11) спроведоа превентивна активност со учениците од прво одделение во Основното училиште „Даме Груев“ во село Куклиш, струмичко.
Целта на активноста беше, преку едукативни предавања и видео презентација прилагодена на нивната возраст, да се запознаат првачињата како правилно да преминуваат улица, што е тоа правилно движење по тротоарите, но и за значењето на семафорите во поглед на нивната безбедност во сообраќајот. Покрај ова, учениците беа запознати дека почитување на сообраќајните правила и прописи при нивното учество во сообраќајот е од голема важност за нивната безбедност како пешаци.