15 ноември 2022

Едукативна работилница на СВР Скопје


Вчера (14.11.) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од Полициското одделение Петровец, во селото Средно Коњаре, односно во основното училиште “Братство и единство“, реализираа едукативна работилница со учениците од седмите и осмите одделенија, а на повеќе теми битни за безбедноста на учениците во и надвор од училиштата.

На работилницата, меѓу другото, се зборуваше за насилството како социо-девијантна и криминогена појава, особено за видовите насилство во кои што децата се актери или жртви, како што се врсничкото насилство, семејното насилство, насилството на спортски натпревари или преку социјалните мрежи. Исто така, во рамки на работилницата и во ова училиште беше формиран училишен Клуб за превенција, при што на децата им беше укажано дека со овој вид на организирање тие добиваат конкретни можности и самите преку сопствен ангажман, а во соработка со нивните наставници, со родителите, со полицијата, да придонесат во превенцијата од разните негативни и криминогени појави на кои што децата можат да бидат изложени.