Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола денеска (14.11) низ повеќе локации на градот имаа превентивни активности под мотото “Сигурноста и безбедноста на граѓаните –наша обврска“.
Полициските службеници во непосреден контакт со граѓаните, пред се оние кои што работат во објекти како аптеки, обложувалници и други објекти ги посочуваа начините и можностите за превенција од имотни деликти, особено нагласувајќи ја потребата од правовремено алармирање и соработка со полицијата преку користењето на бесплатните телефонски броеви 112 и 192. На граѓаните им беа делени и едукативни летоци со базични информации во насока на поголема внимателност и заштита од имотни деликти.