13 ноември 2022

Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема во возилата - превентивна активност на СВР Велес

Денеска (13.11.) Отсекот за превенција при СВР Велес, во пресрет на започнувањето на зимската сезона, реализираше превентивна активност со граѓаните на Велес, на која тие беа информирани за обврската за задолжително носење на зимска опрема во возилата во период од 15 ноември до 15 март.

Во непосредна комуникација со граѓаните, пред се со возачите, превентивно-информативните активности се состоеа од нивна едукација за законската употреба на зимска опрема во која спаѓаат: зимски гуми и ланци. Притоа, особено беа истакнати условите односно начините, за употребата на опремата, во зависно од временските услови, а согласно нормативно пропишаните одредби во кои секако влегува и санкционирањето на непочитувањето на истите. Исто така на возачите им беше делен и едукативен печатен материјал, а се со цел подигање на свеста за поседување на зимска опрема во возилата и одговорно учество во сообраќајот.