12 ноември 2022

Едукативни работилници на СВР Скопје

Продолжувајќи со активностите во рамки на превентивнот проект “Безбедност во училиштата“ денеска полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од Полициските станици од општа надлежност Центар, Драчево, и Чаир реализираа четири едукативни работилници за основците од основните училишта “Кочо Рацин“ (Центар); “Климент Охридски“ (Драчево); и “Петар Здравковски Пенко“ и “Климент Охридски“ (Чаир).

Притоа, теми на работилниците беа презентации посветени на разните форми на насилство, како и проблематиката на почитување и познавање на правата на децата. Исто така со учениците беше говорено и околу улогата и функционирањето на училишните Клубови за превенција.

Покрај ова денеска Одделението за превенција заедно со полициски службеници од Полициското одделение Сарај и во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во основното училиште “Дитурија“ реализираа три едукативни работилници со првооделенците од ова училиште а под мотото – да ги заштитиме децата во сообраќајот“.