11 ноември 2022

Едукативна активност на СВР Велес за превенција од насилство во училиштата

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, денеска во гимназијата “Кирил и Методиј“ реализираа едукативна активност посветена на темите “насилството и сајбер булинг".

Во интеракција со учениците од различните класови од прва до четврта година оваа работилница имаше за цел превенирање на врсничкото насилство и насочување на енергијата на средношколците во позитивен правец, односно благовремено забележување на ризиците и избегнувањето на истите, како и запознавање со законската регулатива што ги санкционира овие појави.