Вчера полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола заедно со полициски службеници од Полициската станица Крушево и претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Крушево реализираа превентивна активност под мотото “Вози одморен“.
Притоа во непосредна комуникација со граѓаните, пред се со возачите полициските службеници им укажуваа за важноста од внимателно возење и почитување на сообраќајните правила и прописи, како и за потребата од одмор при подолготрајно возење, бидејќи токму заморот е еден од честите причинители на сообраќајни несреќи на патиштата. Исто така, на возачите им беа делени летоци со содржини од безбедноста на сообраќајот.