Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип вчера (09.11.) во oсновните општински училишта “Славејко Арсов“ и "Гоце Делчев" во Штип одржаа превентивно-едукативно предавање, а во рамки на превентивната кампања - “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Притоа, преку видео презентација прилагодена за учениците од прво одделение, првачињата беа запознати со основните сообраќајни правила и прописи, а важни за нивна заштита и безбедност во сообраќајот како пешаци. На децата им беше објаснето како правилно да ја минуваат улицата, на пешачките премини, но и правилното движење по тротоарите особено на улици каде што има голема густина на сообраќајот.