Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип заедно со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип денеска (08.11.) во Основното општинско училиште “Тошо Арсов“ во Штип одржаа превентивно-едукативно предавање под мотото “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Притоа, преку видео презентација прилагодена за учениците од прво одделение, децата беа запознати со основните сообраќајни правила и прописи битни за нивна заштита и безбедност во сообраќајот. Почнувајќи од важноста на семафорите, пешачките премини и правилното движење по тротоарите особено кај фрекфентните сообраќајници.