08 ноември 2022

Превентивна активност на СВР Битола

Денеска (08.11.) полициските службеници од Полициското одделение Велушина во рамки на Секторот за внатрешни работи Битола во с.Велушина спроведоа превентивна активност со претставниците на месната заедница и жителите од ова место околу проблематиката со малото и лесно оружје.

Имено, полициските службеници уште еднаш ги презентираа законските промени во делот од Законот за оружје со кои е предвидено задолжителна замена на дозволите за оружје најдоцна до крајот на задолжителниот рок – 04.06.2023 година. Исто така на жителите им беше поделен и печатен едукативен материјал во насока на доследно почитување и примена на законските одредби.