Во рамките на континуираните превентивни активности од проектот “Безбедност на училиштата“, Одделението за превенција при СВР Скопје, денеска (08.11.) заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Ѓорче Петров и од Полицискотото одделение Шуто Оризари реализираа едукативни работилници во основното училиште “Ѓорче Петров “ во истоимената општина и во основното училиште “Браќа Рамиз и Хамид“ во општина Шуто Оризари.
Притоа темата и на двете работилници беше посветена на човековите права, и во тој контекст и за правата на децата како нормирани вредности во корпусот човекови права. Полициските службеници на учениците им презентираа повеќе важни аспекти и од Конвенцијата за заштита на правата на децата на ООН, а се со цел децата, особено преку формираните училишни клубови за превенција, поконкретно да се вклучат во заштитата од разните девијантни појави, но и да се ангажираат како активни чинители во превенцијата од можните криминогени злоупотреби на децата во соработка со наставниците и полицијата.