08 ноември 2022
Превентивна активност на РЦ за ГР Исток
Денеска (08.11..2022) полициски службеници од ПС за ГН Пехчево и РЦ за ГР Исток во ООУ „Ванчо Китанов“ во Пехчево одржаа едукативно предавање со учениците на тема „Превенција од трговија со луѓе“. Преку едукативна презентација младите беа информирани за начините и можностите како да се заштитат од овој вид на криминал, со препорака да бидат внимателни при комуникација со непознати лица на социјалните мрежи.