Денеска (04.11.) полициски службеници од Отсекот за превенција при ОВР Свети Николе во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за Свети Николе и стручната служба при општинското основно училиште “Методи Митевски Брицо“ поточно во подрачните училишта во селата Каратманово и Дурфулија, одржаа едукативни предавања за учениците од прво до петто одделение.
Притоа од страна на полициските службеници пред децата беа презентирани основните информации за сообраќајните правила и прописи што директно се поврзани со нивната безбедност и сигурност како пешаци. Децата беа запознати со значењето на семафорите и пешачките премини, потоа за правилното движење по тротоарите, како и за улогата на полицијата во контролата и регулирањето на сообраќајните прописи.