04 ноември 2022
„Паркирај совесно, паркирај одговорно“ – превентивна активност на СВР Охрид
Во текот на вчерашниот ден (03.11.2022) во периодот од 14.00 до 15.00 часот на подрачјето на Охрид, полициски службеници од СВР Охрид и Отсекот за превенција при СВР Охрид спроведоа превентивна активност за подигање на свеста кај граѓаните за прописно паркирање. Активноста е дел од кампањата на СВР Охрид- „Паркирај совесно, паркирај одговорно“.
Во рамки на активноста на граѓаните им ба делени летоци со едукативна содржина.
Превентивните активности на Отсекот за превенција при СВР Охрид продолжуваат и во наредниот период.