Полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Битола во рамки на превентивните активности што се реализираа изминатиов период, а под мотото – “Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“, денеска (01.11.) во Битола продолжија со средби и разговори со граѓаните.
Притоа, на повеќе локации низ градското подрачје на Битола тие во непосредна комуникација со граѓаните, особено оние од повозрасните старосни категории, разговараа за превенцијата на имотните деликти. Исто така, при посетите на деловните објекти, полициските службеници ги посочуваа начините и можностите за превенција од овие видови имотни деликти, особено нагласувајќи ја потребата од правовремено алармирање и соработка со полицијата преку користењето на бесплатните телефонски броеви 112 и 192. На граѓаните им беа делени и едукативни летоци со базични информации во насока на поголема внимателност и заштита од имотни деликти.