01 ноември 2022

Превентивна активност на СВР Охрид

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Охрид во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на подрачјата на охридските села Косел, Лескоец, Горно и Долно Лакочереј, реализираа превентивни активности во рамки на превентивната акција што се одвива под мотото – “Безбедно возење трактори и земјоделски машини“ .

Притоа, полициски службеници беа на терен каде земјоделците управуваа и работеа со земјоделска механизација и со нив разговараа за важноста од техничката исправност на тракторите и другата механизација вклучена во сообраќајот, како и за задолжителна исправност на светлосните уреди за поголема видливост, посебно во ноќни услови како основен предуслов за нивно безбедно учество во сообраќајот.

На земјоделците-возачи на земјоделската механизација им беа посочени и другите законски обврски и едукативни совети за подигање на сообраќајната култура, а на тракторите и земјоделските машини беа поставувани флуоресцентни самолепливи лепенки за поголема видливост.