01 ноември 2022

Превентивна активност на ОВР Свети Николе за безбедност на децата во сообраќајот


Денеска (01.11.) полициски службеници од Отсекот за превенција при Одделението за внатрешни работи Свети Николе, во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за Свети Николе, заедно со стручната служба при општинското основно училиште “Гоце Делчев“ во Свети Николе одржаа едукативни предавања за најмалите ученици-првачињата.

Притоа на децата им беа презентирани сите основни сообраќајни правила и прописи, а кои што се директно поврзани со нивната безбедност и сигурност. Запознавање со вертикалната (семафори) и хоризонтална сигнализација (пешачки премини), потоа за правилното движење по тротоарите особено по фрекфентните сообраќајници, како и улогата на полицијата во заштитата и спроведувањето на сообраќајните прописи.