31 октомври 2022

Превентивни активности на СВР Скопје

Во рамките на проектните превентивни активности од кампањата “Безбедност во училиштата“, Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од Полициските станици од општа надлежност Карпош и Аеродром , како и од Полициското одделение Мирковци денеска (31.10) реализираа едукативни работилници во основните училишта “Димо Хаџи Димов“ (Карпош), “Ѓоргија Пулевски“ (Аеродром), и “Александар Урдаревски“ во општина Чучер Сандево.

Превентивните работилници тематски беа посветени на детските права од корпусот на универзалните човекови права, како и на заштитата и препознавањето на облиците на насилство каде што децата можат да бидат жртви.

Притоа децата од седмите и осмите одделение беа запознати со можностите што им се нудат преку веќе формираните училишни Клубови за превенција, односно како преку нивен ангажман во соработка со полицијата и надлежните во училиштата можат да се превенираат разните криминогени појави, а во интерес на нивна заштита и безбедност.