31 октомври 2022

Превентивна активност на СВР Куманово

Во рамки на превентивниот проект „Безбедни училишта“, денеска полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово реализираа две едукативни работилници со ученици од општинското средно училиште “Наце Буѓони“ и основното училиште “Кочо Рацин“ во Куманово.


Темите на едукативните работилници се однесуваа пред се на превенцијата од врсничкото насилство, потоа од насилството на социјалните мрежи и начините за рано препознавање и навремено спречување на овие форми на насилство.

Исто така на учениците им беа презентирани и проблемите, опасностите и штетите од зависностите, односно злоупотребата на дроги и алкохол, како и законските последици од ова девијантно поведение.