31 октомври 2022

Превентивни активности на СВР Битола и РСБСП

Денеска (31.10.2022) полициски службеници од СВР Битола во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за Битола и за Ресен, како и во соработка со Народна техника Битола и Авто-мото друштвото “Ѓорѓи Наумов“, во Битола и во Ресен одржаа едукативни предавања за најмалите ученици – првачињата.

Притоа во основните училишта “Коле Канински“ во Битола и “Гоце Делчев“ во Ресен пред децата беа презентирани сите основни сообраќајни правила и прописи, а кои што се директно поврзани со нивната безбедност и сигурност. Запознавање со вертикалната (семафори) и хоризонтална сигнализација (пешачки премини), како и за правилното движење по тротоарите, како и улогата на полицијата во заштитата и спроведувањето на сообраќајните прописи.