28 октомври 2022

Превентивна активност на РЦГР Југ


Вчера (27.10.) во Полициската станица за ГП и ГН Меџитлија полициски службеници предводени од раководителот на Регионалниот центар за гранични работи Југ, Славчо Богев, одржаа координативен состанок со претставници на ловните друштва кои што гравитират на тоа подрачје.

Притоа на средбата основна тема беше информирањето и запознавањето на претставниците на ловните здруженија со проблематиката на криволовот, и како со заедничка соработка да се превенира оваа појава која што инаку подлежи и на нормативите од Кривичниот закон.