28 октомври 2022

Превентивни активности на СВР Битола


Полициски службеници од Секторот за внатрешни раборти Битола и од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола, а во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и Народна техника Битола и Авто-мото друштвото “Ѓорѓи Наумов“ Битола, вчера и денеска одржаа едукативни предавања на првачињата од основните училишта “Ѓорѓи Сугарев“ и “Тодор Анѓелевски“ од Битола.

На предавањата полициските службеници ги запознаа дечињата со основните сообраќајни правила и прописи, пред се важни за пешаците во сообраќајот, меѓу кои се и децата и притоа особено се посвети внимание на начините за правилно и безбедно движење и минување улица, како и околу запознавање со вертикалната и хоризонтална сигнализација, односно пешачките премини и семафорите.