27 октомври 2022

Превентивна активност на СВР Битола

Денеска (27.10.) Секторот за внатрешни работи Битола почна со реализација на новата превентивна кампања – “Сигурност и безбедност на граѓаните – наша обврска“ чија примарна цел е зголемување на нивото на безбедноста и сигурноста на граѓаните. Така денеска полициски службеници посетија повеќе локали и објекти на правни субјекти (аптеки, обложувалници, казина, златарници, колонијални продавници), при што со вработените беше разговарано за начините на превенирање и заштита од различен вид криминал, како и за неопходноста на соработка и благовремено информирање на полицијата преку бесплатните телефонски броеви 112 и 192, а во насока на навремено откривање и расчистување на кривичните дела. Воедно во текот на разговорите со вработените полициските службеници делеа и едукативни печатени материјали со низа важни совети и препораки за самозаштита.