27 октомври 2022

Превентивна активност на СВР Куманово

Вчера (26.10.) во кумановската населба “Средорек“ од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово, во соработка со Националниот ромски центар беше организирана едукативна трибина на тема “Жртви на семејно насилство“. На трибината се разговараше за превенција односно препознавање и пријавување на насилството, како и за начините и можностите за помош на жртвата. Од страна на полициските службеници од Отсекот за превенција беа делени и информативни летоци.