Во рамките на планираните превентивни активности на СВР Тетово за овој период од годината, полициски службеници од Отсекот за превенција денеска(27 октомври) ги посетија тетовските пазари и остварија средби со продавачите и граѓаните. На средбите посебно им беше советувано да внимаваат на нивните паричници и други вредни предмети кои ги носат со себе, за ефикасно да се заштитат од џепни кражби.
Исто така, им беше укажано и да бидат претпазливи во контакти со непознати лица кои им нудат производи со сомнително потекло и квалитет, но и разни други услуги. Вакви средби ќе бидат реализирани и на другите пазари на поширокото полошко подрачје, во функција на подобрување на вкупната безбедност и намалување на имотните деликти и измамите.