26 октомври 2022

Превентивна активност на СВР Куманово

Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, денеска (26.10) во кумановските села Љубодраг, Умин дол, Опае и Лопате , спроведе превентивна активност од областа на сообраќајот– “Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“.

Во непосреден разговор со граѓаните, особено оние што ја користат земјоделската механизација од страна на полициските службеници им беше укажано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи при управување на возилата, а посебно им беше потенцирано за потребата околу техничката исправност на оваа механизација, првенствено поради нивната лична безбедност и секако за безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Воедно на тракторите им беа поставувани флуоресцентни самолепливи траки заради нивно обележување при управување во ноќни услови и при намалена видливост на патот.