25 октомври 2022

Превентивна активност на СВР Куманово

Денеска (25.10.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Oпштинска организација на Црвен крст Куманово, реализираа показни вежби за правилно укажување на прва помош.

Волонтерите на Црвениот крст симулираа повредени лица при незгоди, односно повреди од тврд предмет, од сообраќајна незгода или повреда од елементарни непогоди. Притоа полицијата од возачите кои ги стопираше бараше да им укажат прва помош.

Возачите и случајните минувачи на овој начин имаа можност да се потсетат на часовите од прва помош кои се посетуваат пред полагање на возачкиот испит и да покажат како треба да пружат прва помош во случај на сообраќајна незгода во која има повредени патници.