23 октомври 2022

СВР Штип со едукативна кампања под мотото „Управувај безбедно со земјоделска механизација"


Денеска (23.10.2022), од страна на Отсекот за превенција при СВР-Штип беше спроведена превентивна едукативна кампања под мотото „Управувај безбедно со земјоделска механизација".

За време на активноста на затекнатите учесници со земјоделска механизација им беа залепени рефлектирачки ленти со порака за одговорно возење, а со цел подобра нивна видливост и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

На граѓаните, пак, им беа давани едукативни совети за безбедно учество во сообраќајот, подигање на сообраќајната култура и безбедноста во сообраќајот.