21 октомври 2022

Превентивна активност на РЦ за ГР Исток

Полициски службеници од РЦ за ГР Исток во соработка со универзитетот „Гоце Делчев“- Штип на 20.10.2022 во просториите на Економскиот факултет, реализираа превентивна активност со странските студенти запишани на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на теми кои се важни за нивниот престој во Република Северна Македонија. Целна група на превентивната активност беа странските студенти кои за прв пат се запишуваат на некој од факултетите на УГД, како и студентите кои го продолжуваат престојот по основ на студирање. На активноста присуствуваа 420 странски студенти, најмногу од Република Турција.

На нив им беа презентирани содржини кои се однесуваат на регулирањето на престојот на странските студенти, потребната документација, достапност на информациите, како и санкциите предвидени со Законот за странците а кои ја регулираат оваа материја.