Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Велес и од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Велес денеска (19.10) реализираа едукативна работилница посветена на темата - "Насилството и сајбер булинг" со учениците од гимназијата “Кочо Рацин“ во Велес.
Притоа на работилницата, конципирана како интерактивна комуникација со ученици од сите класови од гимназијата, беа презентирани различните форми и механизми за заштита од насилството во и вон училиштата, како и околу сајбер булингот преку социјалните мрежи како потенцијален причинител на девијантни поведениа, вклучително и насилството. Основната цел на едукативната работилница всушност беше подобрувањето на личната и на севкупната безбедност на учениците во образовно – воспитните установи, како и благовремено превенирање на сите облици и видови на насилство помеѓу учениците. Исто така на учениците им беа презентирани и законските последици што ги носи со себе насилничкото поведение.