Отсекот за превенција при СВР Битола заедно со Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола, во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со Црвениот крст, како и со авто-мото друштвото “Ѓорѓи Наумов“ и Народна техника од Битола започнувајќи од денеска (19.10.) па се до крајот на месецов во сите основни училишта на подрачјето на градот Битола ќе реализираат едукативни работилници од областа на сообраќајот со првоооделенците од училиштата.
Така, денеска едукативна работилница беше одржана во основното училиште “Елпида Караманди“, при што дечињата беа запознати со основните правила и прописи во сообраќајот, со посебен осврт на правилата важни за нивната безбедност како пешаци, при движење кон училиштето, кон детските игралишта, кон дома и слично.