19 октомври 2022

Превентивна активност на СВР Скопје

Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје како дел од неодамна започнатиот превентивен проект “Безбедност во училиштата“ вчера (18.10) беше реализирана првата едукативна работилница во ОУ “Кирил и Методиј“ при општина Центар.

На работилницата, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Центар, како и претставници на Секторот за образование на општина Центар пред учениците од осмите и деветите одделенија од училиштето беа презентирани повеќе тематски содржини важни за нивната непосредна безбедност.

Така, меѓу другото учениците беа запознаени со проблематиката на насилството како кривичен и девијантен облик во повеќе негови облици – врсничко насилство, семејно насилство, насилство на спортски натпревари и друго, како и за проблемите со злоупотребите на дроги, алкохол, пиротехнички средства и слично.

И во ова училиште беше формиран Клуб за превенција во насока на подобрувањето на севкупната и лична безбедност на учениците во образовно – воспитната установа, намалување на сите облици на насилство помеѓу учениците, како и рано детектирање на поединци и групи од училиштата како евентуални прекршители на законите.