18 октомври 2022

Превентивна активност на СВР Штип по повод 18-ти Октомври- Европскиот ден за борба против трговија со луѓе

Денеска (18.10) Секторот за внатрешни работи Штип, односно Одделението за внатрешни работи Свети Николе по повод 18-ти Октомври- Европскиoт ден за борба против трговијата со луѓе реализираше едукативна работилница со децата од основното општинско училиште “Гоце Делчев“ од Свети Николе.

На едукативната работилница тематски насловена како – “Трговија со луѓе -Современи аспекти на борбата против криумчарење и шверц со луѓе“ полициски службеници од ОВР Свети Николе во соработка со стручните служби од училиштето ги запознаа и едуцираа учениците околу формите и причините за трговијата со луѓе. Притоа посебен акцент беше ставен на децата како таргет и жртви на трговијата со луѓе, како и за начините и можностите за нивна заштита и превенција од оваа криминогена појава.

Во непосредниот контакт со учениците, низ практични примери и преку соодветни едукативни материјали, на децата им беа презентирани низа информации за превенирање на ваквата појава.