15 октомври 2022

"Безбедно управувај со земјоделските машини" - превентивна активност на ОВР Кочани

Денеска (15.10.2022), на подрачјето на ОВР Кочани, полициски службеници за превенција во содејство со претставници на РСБСП спроведоа превентивна кампања “Безбедно управувај со земјоделските машини”. Притоа, на лицата што управуваат со земјоделска механизација им беше укажано за начините за нивно безбедно учество во сообраќајот, за потребата од техничка исправност и за задолжително чистење на тркалата при излегување од нивите на асфалтна површина. Воедно, претставниците на РСБСП лепеа флуоресцентни налепници на земјоделските машини и поделија лесно монтажни ротациони светла.