Полициските службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (14.10.2022) во рамки на континуираните превентивни активности одржаа работна средба во просториите на Општина Аеродром на кој присуствуваа членови од Локалниот совет за превенција од Општина Аеродром, полициски службеници од Полициската станица за општа надлежност Аеродром и градоначалникот на Општина Аеродром.
На работната средба беше презентирана алатката „Локален совет за превенција“, која што претставува вмрежување на сите клучни субјекти (полиција, локална самоуправа и граѓани во општината), кои влијаат на квалитетот на живеење на граѓаните, а со цел зголемување на безбедноста преку намалување на криминалот и подигање на граѓанската свест што би придонело за спречување на социо-патолошки, девијантни и кривично-правни настани.
Воедно, „Локалниот совет за превенција“ претставува можност и форма за градење на безбедна средина за живеење на локално ниво, преку препознавање на локалните проблеми и градење локални стратегии за решавање на проблемите.