14 октомври 2022

„Безбедно од дома до училиштето“ – превентивна активност на СВР Штип и РСБСП

 

Денеска (14.10.2022), во Општинското основно училиште „Никола Петров Русински" во с.Русиново, беровско, Отсекот за превенција при СВР Штип и ОВР Берово во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата одржаа едукативно предавање за ученици од прво, второ и трето одделение на тема „Безбедно од дома до училиштето".

Цел на ова предавање е запознавање на најмалите со сообраќајните правила и прописи за безбедно движење како пешаци од дома до училиштето и воопшто во сообраќајот.