14 октомври 2022

„Трговија со луѓе“ – Едукативна работилница на СВР Велес и Црвениот крст Кавадарци

 

Денеска (14.10.2022), по повод претстојниот Европски ден за борба против трговијата со луѓе 18-ти Октомври, Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со Црвениот крст при Општина Кавадарци, организираше едукативна работилница со средношколците од средните училишта од Кавадарци на тема „Трговија со луѓе“.

Во непосреден контакт со учениците, низ практични примери и преку соодветен видео материјал, им беа презентирани облиците и причините за станување на жртва на трговија со луге. Истовремено им беа укажани и начинoт и модусот за регрутација и злоупотреба на најмладата популација - децата во ланецот на трговија со луѓе.