13 октомври 2022

СВР Скопје го отпочна проектот „За безбеден град“, во 23 средни училишта ќе се формираат тимови за безбедност


На 12 и 13.10.2022 полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје од полициските станици за општа надлежност Карпош и Кисела Вода, во рамки на континуираните превентивни активности кои се дел од годишната програма на Одделението за превенција во средните училишта „Ѓорги Димитров“ на подрачје на општина Карпош и „Васил Антевски Дрен“ на подрачје на општина Кисела Вода отпочнаа со реализација на проектот „За безбеден град“.
Во рамките на проектот е планирано да се реализираат превентивни активности на теми од областа на безбедноста во 23 средни училишта на подрачје на град Скопје преку формирање на тимови за безбедност кои ќе ги сочинуваат претставници од училиштето, родители, ученици и полициски службеници.
На одржаните состаноци, родителите од двете училишта беа запознаени со планираните превентивни активности за подобрување на безбедноста на учениците од средните училишта преку формирање на тимови за безбедност и разни едукативни активности (работилници, трибини и дебати).