12 октомври 2022
Едукативна работилница на ОВР Кавадарци под мотото "Насилство и сајбер булинг" со ученици од основно училиште
Отсекот за превенција при СВР Велес во содејство со НККР при ОВР Кавадарци реализираше едукативна работилница под мотото "Насилство и сајбер булинг" со учениците од ОУ "Димката Ангелов Габерот" во Кавадарци.
Основна цел на едукативната работилница беше подобрување на општата и личната безбедност на учениците во образовната установа, како и намалување на сите облици и типови на насилство помеѓу учениците.
Покрај тоа ваквата едукативна активност во интеракција со учениците од различни одделенија имаше за цел превенирање на врсничкото насилство и насочување на енергијата на учениците во позитивен правец односно забележување на ризиците и нивно избегнување, како и запознавање со законската регулатива од оваа област.