Денеска (11.10.2022) во периодот од 08.00 до 11.00 часот на Градски пазар, плоштадот и Домот на пензионери во Неготино, Отсекот за превенција при СВР Велес во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Неготино спроведе превентивна активност.
Фокусот на оваа активност, под мотото „Заштити го домот од кражби-Безбедност на вашиот дом“ и „Превенција од џебни кражби и измами“ беа повозрасните граѓани кои се и честа цел на крадците, при што беа делени летоци со едукативна содржина, а со нив беше разговарано за начините и постапките кои треба да се преземаат со цел да се заштитат од сторителите на ваков вид кривични дела.