07 октомври 2022

„Мојот полицаец“ за најмладите од Кичево

Педесетина деца од детската градинка „Олга Мицеска“од Кичево, вчера (06.10.2022), ја посетија Полициската станица од општа надлежност во Кичево. Посетата е во рамките на проектот „Мојот полицаец“ што го реализира Отсекот за превенција со цел запознавање на најмладите со задачите на полициската работа и стекнување основни знаења за правилата и прописите од областа на безбедноста. Покрај тоа, во рамки на едукативниот час, децата разгледаа дел од полициските простории и опрема, како и полициските возила што се користат во секојдневната работа на полициските службеници.