07 октомври 2022

Превентивна активност на ОВР Кавадарци: „Заштити го домот од кражби - безбедност на вашиот дом“


На 06.10.2022 година во периодот од 10.30 до 11.30 часот на подрачјето на ОВР Кавадарци беше спроведена превентивна активност на тема „Заштити го домот од кражби - безбедност на вашиот дом“. На граѓаните, посебно на повозрасните, покрај практични совети во врска со начините и постапките кои треба да се преземаат во насока на поголема заштита од сторители на кражби, им беа поделени и летоци со едукативна содржина.