06 октомври 2022

Едукативни работилници во две основни училишта скопските општини Чаир и Гази Баба, формирани клубови за превенција

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, заедно со полициски службеници од Полициските станици од општа надлежност – Бит Пазар и Гази Баба, денеска (06.10.2022) во рамки на неодмана отпочнатиот превентивен проект „Безбедност во училиштата“ реализираа две едукативни работилници во две основни училишта на подрачјата на скопските општини Чаир и Гази Баба.


Првата работилница беше спроведена во ОУ „Васил Главинов“ во општина Чаир а втората во ОУ „Стив Нумов“ во општината Гази Баба меѓу ученици од седмите и осмите одделенија, од кои што и беа формирани Клубови за превенција што ќе функционираат и во овие две основни училишта.


Согласно концептот на проектот, темите на едукативните работилници првенствено се однесуваа на насилството меѓу младите во повеќе сегменти - врсничко насилство, семејно насилство, насилство преку социјалните мрежи, насилство на спортските натпревари. Исто така, во предавањата беа опфатени и девијантните појави на зависности - од алкохолот, од дроги, потоа трговијата со луѓе, како и сообраќајната безбедност, злоупотребата на пиротехнички средства, односно подрачја каде што детската популација е крајно чувствителна и загрозена. Воедно учениците беа информирани за суштината и целите на формираните Клубови за превенција, преку кои што тие можат да ги заштитат своите права, но и да се заштитат од опасностите и заканите од девијантните форми на однесување.