04 октомври 2022

Едукативна работилница на тема ,,Безбеден премин преку улица" во Кавадарци

Денеска (04.10.2022) во периодот од 11.00 до 12.00 часот, по повод ,,Недела на детето", ОВР Кавадарци организираше отворен ден на полицијата, при што остварена е средба и прием на ученици од прво одделение од ООУ "Страшо Пинџур"-Кавадарци. За најмладите беше реализирана едукативна работилница на тема ,,Безбеден премин преку улица", по што првоодделенците се примени во просториите на Полициската станица Кавадарци каде е одржана и показна вежба во која е презентирана полициската опрема и полициските возила.