02 октомври 2022

„И јас и ти сме пешаци, безбедноста на прво место!“, превентивна активност на СВР Битола

Денеска (02.10) Секторот за внатрешни работи Битола преку Отсекот за превенција и полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола реализираа превентивна активност во соработка со РСБСП за подобрување на безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот-пешаците под мото "И јас и ти сме пешаци, безбедноста на прво место!“

Во централното подрачје на Битола покрај совети и препораки за безбедно учество во сообраќајот, на граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина.