Полициски службеници од ОВР Ресен при Секторот за внатрешни работи Битола, денеска (28.09.2022) реализираа превентивни активности и едукативни предавања во детската градинка ЈОУДГ „11 Септември" во Ресен, како и во подрачниот клон во село Јанковец, а во рамки на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Целта на овие програмски превентивни активности е децата од мали да се запознаат со оние основни сообраќајни правила и прописи, со потребата за нивно почитување и, пред сѐ, преку едукација да им се укаже дека почитувањето на сообраќајните правила значи нивна поголема безбедност во сообраќајот. Ваквите превентивни активности ќе продолжат и во наредниот период на подрачјето под надлежност на СВР Битола.